Грешките во животот – лузни кои остануваат вечно

popara26 февруари, 20141min00
2

Животот е една приказна која има почеток и крај. Приказната има своја содржина која ја креираат настаните, но и луѓето околу нас. Непријателите се грижат за оној полошиот дел, но пријателите за убавите моменти во нашиот живот. Еве една поучна приказна која говори за вредноста на пријателите, но и за нашиот однос кон нив.

Малиот Стефан е немирно момче со лош карактер. Татко му му дал вреќа полна клинци и му рекол секогаш кога ќе збесни и ја изгуби контролата врз себе, да закова еден клинец во оградата.

Првиот ден Стефан заковал 37, и секој ден се помалку и помалку клинци.

Во текот на следните неколку месеци тој научио да го контролира својот бес и бројот на заковани клинци се смалувал. Открил дека е полесно да го контролира својот карактер отколку да кова клинци во оградата. Најпосле осамнал денот кога Стефан не заковало ниту еден клинец во оградата. Отишло кај татко му и му кажало дека тој ден не побеснало.

Тогаш татко му му рекол :

– ” Секој ден кога ќе успееш да го контролираш своето однесување, извади еден клинец од оградата . ”

Деновите проаѓале и еден ден момчето му кажало на татка си дека ги извадил сите клинци од оградата. Таткото го зел сина си за рака и го одвел до оградата.
Тогаш му рекол:

– „Добро си направил сине мој, но погледај ги сите овие дупки во оградата. Оградата никогаш повеќе нема да биде иста. Кога во бес ќе кажеш некои работи, тие оставаат лузни како што се овие дупки во оградата. Можеш човека да го прободеш со нож и да го извадиш ножот. После тоа не е важно колку пати ќе кажеш дека ти е жал, дупките остануваат. Вербалната рана исто толку боли како и физичката.
Пријателите се навистина ретки скапоцени камења, тие те насмеваат, те охрабруваат да успееш во нешто, спремни се да те сослушаат, да ја споделат твојата болка, имаат убав збор за тебе и секогаш имаат отворено срце за тебе. Животот не е блок за цртање. Грешките не се направени со молив за кои може да се употреби гума за бришење, за да ги снема, како никогаш да не постоеле.

Едно убаво нешто во пријателството е сознанието кому можеш да му довериш тајна.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag