Состојки:
- 1 чаша зејтин
- 2 чаши гриз
- 3 чаши шеќер
- 4 чаши вода
- 2 ванили малку сецкани ореви
Подготовка:
Загрејте го зејтинот, додадете го гризот и нека се пржи до добивање на браонкаста боја, додадете го шеќерот и ванилата, уште кратко време пржете заедно, за кратко тргнете од огнот, додајте доколку сакате сецкани ореви (јас додавам и цимет) додадете ја водата, вратете на огнот и варете кратко време – таа ќе се згусти. Тргнете од огнот, наполнете навлажнети калапи, почекајте да се олади. На чинија свртете ги калапите и извадете ја алвата. Само со лесно ударање таа веднаш ке излезе.. или пак сервирајте ја онака како што сакате вие.