
Уредот е опишан како “тренажер за вашата вагина“ кој ја следи, ја мери и подобрува состојбата на карличните мускулни ѕидови. Доаѓа во форма на силиконско перниче кое е поврзано со апликација за смартфони, ја мери силата на вашиот вагинален стисок, а информациите ги испраќа до вашиот телефон.
За да знаете дали правилно ги правите Кегеловите вежби, овој уред има и вибрационен биофидбек но и светлосни сигнали, секогаш кога правилно ќе ја направите вежбата.
Мускулите на дното на карлицата се меѓу најважните, но најпотценети делови на телото – вели дизајнерот на овој производ Грејс Ли.
Овие мускули се наоѓаат помеѓу срамната коска и самиот крај на рбетот и ја држат бешиката на место регулирајќи го мокрењето. За време на пораѓај овие мускули можат да претрпат сериозно оштетување поради што се јавува инконтиненција и помало задоволство од сексуалниот живот.
httpv://www.youtube.com/watch?v=djV747n27uw