Овен
Работа – На работа владее неразбирање. Продолжете го површниот однос со еден колега, така е најдобро. Можна е парична добивка на почетокот на месецот која навистина ќе ве израдува. Некои од овој знак имаат компликации на професионален план иако биле искрени. За брзо време ќе се дознае дека озборувањето е навистина лоша работа. Иако ситуацијата не е ваш сјајна, набрзо ќе се дознае вистината.
Љубов – Изненадувачки случувања се обележуваат на почетокот на овој месец. Некои Овнови ќе доживеат многу страсти со личноста која извесно време им се допаѓа. Оние кои се во брак не треба ни да помислуваат на тајна врска бидејќи можат самите себеси да си создадат непотребни компликации.
Здравје – Главоболката е секојдневна појава во текот на првата и втората недела од овој месец. Проверете ја вашата здравствена состојба на доктор.
Бик
Љубов – Незадоволни сте со постоечката ситуација, но една личност може позитивно да влијае врз вас и вашето расположение. Оние Бикови кои се во брак, денот ќе им биде исполнет со нежности и внимание од партнерот. Мудри сте и се воздржувате да не му кажете на партнерот што ви е на ум и тоа е најдобро во овој момент. Не сакате да направите некоја грешка која нема да можете да ја поправите.
Работа – Бидете умерени кога станува збор за парите. Не е време за зголемени трошоци. Присутен е уморот на работа, но и задоволство од постигнатото. Не се плашите. Нема да го изгубите трпението и волјата кога станува збор за новата работа. Постојат препреки, дури и лоши изненадувања, но сетете се низ какви ситуации поминувате претходно.
Здравје – Чувствителни ви се синусите.
Близнаци
Љубов – Во текот на овој месец ќе бидете познати по вашата енергија и страст. Првата недела ќе биде вистински предизвик кадешто ќе ја покажете вашата личност. Со огромен ентузијазам ќе прифатите многу проекти, свесни дека морате да бидете будни многу ноќи за да ја завршите работата. Некои од овој знак се соочуваат со проблеми на емотивен план.
Работа – Некои задачи порано или подоцна сигурно ќе бидат направени. Вие сте трпеливи, тврдоглави и одлучни. Сепак во овој период не им робувајте на вашите навики бидејќи така ќе заглавите во погрешни ситуации и случувањата. Бидејќи сакате контрола, но се „ежите“ од промени, обидете се да се потсетите на работите кои ве опуштаат во животот.
Здравје – Проблеми со дигестивниот тракт.
Рак
Љубов – Интуитини сте, чувствителни и повремено чувствувате вина. Ракот поседува способност за брзо опоравување, умее да се избори со кризите и по природа е елоквентен. Меѓутоа помалку сте ефикасни кога треба да се придржувате на планот бидејќи ви е потребно доста време за емоционален престој во самотија. Токму сега сте во оваа фаза. Избегнете одговори на прашања кои ќе ви ги постават, бидејќи уште повеќе ќе ве збунат.
Работа – Најдобро би било да ги завршите сите стари или нови започнат работи. Проблемите дома можат да почекаат. Вашата аналитичност и упорност се на врвот. Дефинирајте ги вашите идни цели. Дајте јасни но дискретни сигнали на личноста за која се грижите.
Здравје – Нервниот систем е напнат. Друго се` е во ред.
Лав
Љубов – Лавот има доста изразени потребни: љубов, воодушевување и моќ. За да ги исполни овие потреби тој ќе прифати било што и ќе манипулира со сите околу себеси колку што му е нему потребно. Звучи прилично лошо, нели? Тоа е точно она што Лавот го мрази кај другите. Тој е шармантен, лојален и толку забавен што луѓето многу му порстуваат. Во овој период некои навики ќе мора да ги промените бидејќи од нив зависи вашата врска со партнерот.
Работа – Ќе се повреди личност со која соработувате. Пристигнува глас од странство кој со желба сте го очекувале, а претстои и средба доколку почекате уште малку. Најверојатно ќе се случи на почетокот на месецот, но нема да добиете зелено светло до крајот на ноември. Во овој момент контролирајте ја импулсивноста која за вас не е својствена.
Здравје – Во текот на овој месец ќе имате и добри и лоши периоди на ова поле.
Девица
Љубов – Чувствувате дека влегувате во нова фаза. Вие и вашиот партнер не се разбирате баш на најдобар начин – и двајцата сакате исто, но различно зборувате. Уште некое време и ќе започне добар и поволен развој на случувањата на љубовно поле. Немате причина за напнатост, развојот на случувањата оди во ваша корист.
Работа – Новости на професионално и финансиско поле, со што ќе ја подобрите енергијата и подготвеноста за решавање на проблемите. Посоветувајте се со постарите и поискусните, а притоа користете ја вашата интуиција. Кај некои Девици несреденоста и хаосот на работа влијае на начинот на кој функционираат во животот. Едноставно некои работи и ситуации не можат да се избегнат.
Здравје – Во текот на овој месец можете да имате само проблеми со грлото, и евентуално благо зголемена температура.
Вага
Љубов – Љубезни, свесни и енергични ќе бидете токму во текот на овој месец. Вие сте разумна личност која ја возбудуваат нови идеи, но која сепак повеќе сака да го измери нештото пред да се впушти во него. Затоа потребно ви е подолго време, меѓутоа еднаш откако ќе ја донесете одлуката, вие тежнеете само кон најдоброто. Актуелно прашање за овој месец е „Дали направив добар избор?“
Работа – Вашата намера да реализирате она што сте го наумиле е силна како и природната сила. Одлучнисте сега и поседувате завидна концентрација. Добро ја поднесуватат работата под притисок, а дури и можеби повеќе сакате кога имате притисок на работа, бидејќи на тој начин работите ги извршувате подобро.
Здравје – Проблеми со здравјето, одете на консултација кај доктор.
Шкорпија
Љубов – Ќе добиете интересна љубовна понуда и уште поинтересна љубовна порака. Започнете да го реализирате она што го сакате, а вие сакате толку многу, само што се`уште не сакате да си признаете себеси. Не сте реални и погрешно ги проценувате намерите на другите, како и нивните постапки.
Работа – Ви претстојат поволни промени, такашто добро би било да ги искористите, а сето тоа повеќе од поволно ќе влијае врз вашето севкупно расположение и однос со луѓето. Шкорпиите од третата деката ќе се сетат на поговорката „подобро врапче во рака отколку гулаб на гранка“ кога ќе им се отвори приказна поврзана за новата работа во текот на третата недела на ноември.
Здравје – Внимавајте на енергијата и како ќе ја трошите.
Стрелец
Љубов – Стрелецот нема проблеми со поставувањето на целите. Вистина е, но овие цели не секогаш можат да се реализираат. Но, авантурист каков што сте, тежнеете по нешто поголемо. Во емоциите ќе уживате, како и во драмата којашто ви се случува овој месец, меѓутоа потрудете се тоа да не прејде во навика.
Работа – Можни се проблеми со личности со кои до вчера одлично функциониравте. Отсекогаш ве служела среќата, но сега некои ситуации се насочија кон туѓа корист и вие не можете да се снајдете во таа некоја нова приказна.
Здравје – Воглавно добро.
Јарец
Љубов – Посветете си себеси време. Посетете некоја драга личност и поминете неколку часа со неа. Ќе биде позитивно искористено и исполнето време. Сепак не заборавајте на обврските кои ве чекаат.
Работа – Јарецот е амбициозен, вреден, продуктивен и дисциплиниран. Меѓутоа, овој месец е нетрпелив бидејќи работите се одвиваат побавно отколку што очекувавте. Се трудите да се ги извршите сите зададени работни задачи, меѓутоа потребно ви е повеќе време.
Здравје – Проблеми со крвниот притисок.
Водолија
Љубов – Пристигнува глас од стар пријател. Лепо забавувајте се. Во партнерството ќе си бидете доволни едни на други. „Намалете го“ гласот и престанете да барате преку лебот погача. Нема секој да ви ги простува грешките. Партнерот не е омекнат, едноставно чека да види што ќе направите. За слободнте следува повик од личност која одамна не ја виделе.
Работа – Се оптеретувате себеси со вашите и туѓи непотребни работи и ситуации. Кај некои луѓе вашиот труд и грижа не се прифатени на соодветен начин, не онака како што сте очекувале, па присутно е чувството на разочарување. Внимавајте на евентуалните пропусти на работа. Спремете нов план за акција.
Здравје – Проблеми со половината и нозете.
Риби
Љубов – Во овој период ќе ви биде тешко да пронајдете време и да се организирате во приватниот живот, како и на работа. Некои од вас ќе бидат склони кон сонување, додека други кон реагирање на секоја промена, особено на емоционален план. Внимавајте, добро би било да му обрнете внимание на партнерот кој го имате занемарено веќе неколку недели.
Работа – Очекувате нова понуда на работа. Една интересна личност може да ви понуди одличен план. Не ја отфрлајте идејата туку така. Едноставно сфатете дека не можете да забодите нож во грб кај оние кои ве ценат. Опуштете се и не реагирајте веднаш.
Здравје – Внимавајте на нозете.