Како да ги препознаете и заведете хороскопските знаци во ноќните барови: Јарецот истовремено разговара и прислушкува, Вагата им го наметнува на другите своето расположение, Скорпијата контролира сѐ околу неа.
Овенот е најгласен
Кога се пренесува некоја утакмица, најгласниот во кафе барот е Овен. Тој обично носи црвена боја или нешто впечатливо, околу себе има голема група на луѓе, во која тој е нагласен. Делува агресивно и самобендисано, а ако сакате да му пријдете, најдобро е да бидете директни. Тој ќе ја цени вашата храброст, а нема да го одбие понудениот пијалак.
Бикот тивко се смешка
Припадниците на овој знак се оние кои седат сами, посматраат сѐ што се случува околу нив и тоа најчесто го прават со насмевка на лицето. Со тоа покажуват дека им е забавно и дека се чувствуваат пријатно, а ако тоа престане да биде така, веднаш ќе си отидат дома. Ако сакате да ги освоите, подобро е да почекате тие да го направат првиот чекор. Претходно мора да им дадете јасен знак, гледајќи во нив подолго време. Предложете им дружење на вечера.
Близнаците им дофрлуваат на келнерите
Луѓето кои во кафе барот ви изгледаат како постојано да им е забавно се Близнаци. Освен тоа, тие се секогаш забавни за своето друштво. Ги познаваат сите келнери, кои ги забавуваат со своите приказни и шеги и се „инвентар“ во кафулињата во кои тие работат. Нивното внимание може да го привлечете со таинственост, но ако дојде до разговор, немојте да бидете молчеливи – зборувајте колку е можно повеќе и побргу, а тие ќе ве следат.
Ракот се однесува како да е домаќин
Ракот седнува на пијачка со група луѓе, а многу ретко седнува некаде сам. Се однесува пристојно, се грижи сите да бидат послужени и се обидува сите да ги вклучи во заедничкиот разговор. Ако сакате да го освоите, прво набљудувајте го и смешкајте му се, а потоа одглумете дека ви треба некаква помош од него.
Лавот наздравува
Припадниците на овој знак се однесуваат како дома, особено ако целото внимание е насочено кон нив. Иницијатори се за средба и добра забава. Невозможно е да не ги забележите бидејќи се дотерани, нашминкани и носат накит. Весело наздравуваат со омилениот пијалак и ги поттикнуваат другите да се опуштат. Најдобар начин да им пријдете е да се смеете на нивните шеги, а ќе ви помогне и некој комплимент.
Девицата разговара со сите
Девицата многу лесно ќе ја препознаете во кафетерија – седи исправена, не се потпира со лактите на маса и ја држи чашата како што доликува според бон-тон. Разговорите ги води со пристојност, секому посветува внимание и го поттикнува на комуникација, па затоа изгледа многу љубезно и весело. Пред да ѝ пријдете, повремено погледнувајте ја, а штом се сретнат вашите погледи, поткренете ја чашата како да наздравувате. Потоа малку игнорирајте ја, па повторно погледнете ја. Девицата ги сака ваквите игри.
Вагата го наметнува своето расположение
Вагата е пожелна во друштвото, а многу лесно ќе ја препознаете бидејќи секогаш си носи нешто за јадење со себе. Таа го наметнува своето расположение – ако е добро расположена, сите ќе се забавуваат, а ако не е може да делува лошо на целата атмосфера. Можете да ја освоите со својот хумор, но тоа мора да биде пристојно, бидејќи ги одбива вулгарност.
Скорпијата е набљудувач
Овој знак најчесто седи на место каде има добар поглед на целиот локал. Невозможно е да влезете во кафе барот и тие да не ве забележат. Изгледаат како да се тајни агенти на задача. Обожаваат да ги набљудуваат другите луѓе, па понекогаш е проблем да бидете со нив во друштво и да го задржите нивното внимание. Ако сакате да им пријдете, најдобро е да дознаете нешто за нив и да започнете разговор. Тие сакаат да филозофираат, па искористете го тоа.
Стрелецот зборува без престан
Најголемиот „брбливко“ кој можете да го забележите во кафе бар е токму Стрелецот. Исто како Близнаците и Скорпијата, и тој не се срами да се пошегува со келнерите или некои непознати лица. Алкохолот само ќе му помогне да се „отвори“. Најдобар начин да му пријдете е на некој начин да го предизвикате, бидејќи го сака чувството на натпреварувачки дух.
Јарецот прислушкува
Традиционално, тој посетува 3-4 кафе барови во кои оди бидејќи таму се чувствува најдобро и во состојба е да го однесе целото свое друштво. Обично седи на иста маса, а таа рутина прави да се чувствува опуштено. Сака да го поминува своето време на кафе само ако друштвото му е интересно, а способен е истовремено да разговара со вас и да ги прислушкува разговорите на соседната маса. Пријдете му директно, бидејќи колку сте похрабри, толку повеќе ќе го иморесионирате.
Водолијата се смее гласно
Водолијата го апсорбира расположението на сите присутни, па нивниот израз на лице е мешавина на забавување, чудење и збунетост. Ќе ја препознаете по гласната смеа со која ги шармираат луѓето. Со неа треба да бидете спонтани и многу оригинални ако сакате да ја освоите.
Рибата е умерена
Рибата изгледа повлечена и умерена, а соговорниците ги гледа директно во очи и им посветува многу внимание. Делува тивко, но сѐ што кажува звучи промислено, логично и интелигентно. Има одлична смисла за хумор, иако не се истакнува до таа мера сите да ја слушнат, туку само оние до неа. Пријдете им со романтичен гест или коментар.