Играч кој прв пат игра освои премија 6+1

popara27 јануари, 201419min00
01

5тото коло на Новолото одржано на 15.01.14, ја донесе и првата премија 6+1 годинава. Добитникот на оваа премија е Игор Веселинов од Виница. Тој не е вработен, а кратко пред да ја освои премијата се вратил од Шведска. Таму работел како возач на камион. Интресен е податокот дека со играта во Новолото дебитира во игрите на среќа на Државна лотарија на Македонија. Бројките ги бирал сосема случајно, а уплатата на среќното ливче ја направила неговата мајка, која пак е редовен играч на игрите на среќа. Таа дури и го убедувала малку повнимателно да ги бира бројките кои ќе ги игра. Но, Игор не го послушал нејзиниот совет, сметал дека има добра комбинација на бројки, која и се покажа како добитна. И самиот нагласува дека оваа комбинација одсега ќе биде неговата редовна со која и ќе игра.  Извлекувањето на 5тото коло кога и ја освои премијата 6+1  не го следел. За тоа била задолжена неговата мајка која и му ја соопштила радосната вест.

Само за потсетување неодамна, ја имавме рекордната  премија 6+1, во 66то коло,  по што следеше реприза на оваа премија и во 73 коло на НовоЛото 7/34, мината година.

Државна лотарија на Македонија ве поканува уште вечерва да ги тестирате вашите среќни бројки како потенцијална среќна НОВОЛОТО 7/34 комбинација. Со задоволство Ве потсетуваме дека фондот за 7ка е и понатаму во пораст. Во вечерашново 8мо коло фондот ближи до 19 и пол милиони денари или над 300 ијлади евра, па затоа погледнете го вечерва од 20ч со прекрасната Марјана на Сител телевизија. Уплатата за него е во тек. Со среќа!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag