Кога на последната во живо емисија испадна Илма, таа одлука беше шок за гледачите во регионот. Кралот на намешталките Џаро изјави дека Икс Фактор е наместен и дека Кајмакоски ќе биде изигран. Продукцијата на Икс Фактор од друга страна тврди дека намешталки сигурно нема, ни пак ќе има, дека нема место за такви муабети, дека се работи за откупена странска лиценца од Ендемол со строги правила и дека постои тим кој го контролира гласањето.
Милена Поповиќ, потпарол на продукцијата вели дека намешталките се невозможни, и дека таквите приказни се измислени.
Бидејќи ова е сериозна приказна која им носи популарност на сите па и неповикани се дрзнуваат да коментираат и да си обезбедат себе си уште малку медиумски простор. Саморекламерите измислуваат намешталки за да си ја подигнат популарноста на наша сметка. Тоа е баш смешно и многу непотребно. Продукцијата нема повеќе да ја коментира изјавата на Џаро – изјавила Поповиќ.