Има мал пенис: Вака го посрамотиле Виктор Јануковиќ! (видео)

popara31 март, 20141min00
10

Како од мајка роден! Сликата од голиот украински претседател Виктор Јануковиќ направена од страна на младата украинска сликарка Олга Ољеник привлече големо медиумско внимание ширум светот.

Сликата е наречена “Голиот крал“.

Откако демонстрантите и останатите Украинци го видоа претседателскиот имот, сликата стана невиден интернет хит. Медиумите тогаш пишуваа дека сликата е пронајдена во еден од запленетите луксузни автомобили.

Сепак сликата потекнува од 2012 година како дел од серијата “Голи политичари“ . Славната слика денес се наоѓа во уметничкото анти-кафуле во Киев.

Анти-кафуле е нов концепт кој започна во Москва но се прошири во Лондон и Парис. Тоа е место за дружење каде кафето и грицките се бесплатни, но се наплаќа престој на час. Ољеник локалот го отворила како анти-кафе и како место каде може да ги прикаже своите дела.

Во својата колекција Ољеник има портрет и од голиот Владимир Путин но сеуште се плаши да го покаже јавно.

httpv://www.youtube.com/watch?v=3nVjAeQcrcs

11

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *