Една мајка на три деца била очајна поради својата дебелина, но немала пари за теретана. Сепак, наместо да се предаде, таа својата куќа ја претворила во полигон за вежбање и за 18 месеци Гема успеала да симне неверојатни 63 килограми.
Гема, која имала 120 кг, ја користела детската ограда на скалите која ја прескокнувала по 100 пати на ден.
“Бев огромна, не можев да го поднесам својот поглед во огледало, ни пак да се фотографирам“
Еден ден разгледувала стари фото албуми и сватила дека таму нема ни една слика со децата. Тоа било пресвртница, а срамот конечно и дал мотивација да ослабне.
“Имав 28 години, а се чувствував како да имам 65. Секогаш бев задишана. Но не можев да си дозволам теретана, па својот дом го претворив во тренинг камп.
Својот брутален режим го започнала на скалите, одејќи горе-долу. Детската ограда ја поставила на скалите и ја прескокнувала како препрека.
Откако ќе ги легнела децата, земала конзерви грашок и ги користела како тегови.
“Ги затворав прозорите со завеси, за да не ме гледаат комшиите во акција, бидејќи ми беше многу непријатно. Но сето тоа ми се исплати. Ослабнав 63 кг. Не сум веќе дебела мама, и пријателите на моите деца не ме исмеваат повеќе.
Се чувствувам прекрасно. Кога на луѓето им раскажувам како сум ослабнала и колку, вежбаќи дома, не ми веруваат. Јас сум жив доказ дека не ви е потребна теретана за да ослабнете. Неколку конзерви грашок го имаат истиот ефект.“