Интересни факти за леваците

popara3 март, 20141min00
111

Луѓето кои прават сè со левата рака се доста поретки од деснаците, па можеби затоа за нив има и доста поинтересни факти.

Ова се неколкуте кои ќе ве воодушеват доколку не сте ги знаеле:

– Во Месопотамија левата рака била симбол за несреќа, а хебрејските предци ја поврзуваат со демоните.

– Во осумнаесеттиот и деветнаесеттиот век сите леваци немале право да се венчаат, ниту пак да имаат деца.

– Во Велика Британија постои здружение кое се грижи за леваците. Основано е во 1990 година, а за задача има да им го олесни животот на неговите членови.

– Од 1976 година во САД се празнува денот на леваците, секој 13 август.

– Според статистиките, 11% од населението во Европа се леваци.

– 2/3 од леваците се припадници на машкиот пол.

– Пресметано е дека во последниот век, бројот на леваците е зголемен за четири пати.

– Кина е најнаселена држава, но има најмал процент на леваци – само 1,5%.

– Во 12% од случаите со еднојајчани близнаци, едниот е левак, едниот е деснак.

– Леваците се личности кои најчесто имаат коефициент на интелигенција над 131.

– На некои јазици десно има и значење како нешто правилно, исправно ( пр. Англискиот) а со тоа левото се означува како нешто погрешно.

– Се смета дека луѓето чија десна мозочна хемисфера е поразвиена, а левата рака поагилна, имаат предност во спортовите како тенис, бокс и мечување.

– Леваците се понапредни во замислувањето на фигури и облици, така што нешто што е нацртано на хартија лесно го проектираат тридимензионално, па затоа поуспешните архитекти се леваци.

– Леваците почесто се склони кон случајни повреди можеби затоа што сè е свртено на десна страна.

– Генот LRRTM1 влијае на почесто користење на левата рака, а истиот тој може да доведе до појава на дислексија – неспособност за читање.

– Кон самоубиство повеќе склони се леваците, за разлика од деснаците. И тоа во однос 3:1.

– Леваците имаат три пати поголеми шанси да станат алкохоличари, бидејќи ја користат десната страна на мозокот, која е помалку толерантна спрема алкохолот.

– Ако двајцата родители се леваци, шансите и нивното дете да биде левак се 50%. Истовремено, двајца деснаци родители имаат само 2 проценти шанси да добијат левак дете.

– Леваците достигнуваат сексуална зрелост 4 до 5 месеци покасно од деснаците.

– Леваците кои преживеале мозочен удар многу полесно се опоравуваат.

– Во Пенсилванија постои колеџ, единствен во светот, каде што може да се школуваат исклучиво леваци.

– Деснаците живеат околу 9 години подолго од леваците.

– Дали детето ќе биде левак може да се открие во последниот триместар од бременоста.

– Од последните седум американски претседатели, 5 биле леваци.

– Се смета дека Леонардо да Винчи пишувал со двете раце, во двете насоки.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma