Интерсни факти за Путин кои не сте ги знаеле!

popara13 ноември, 20141min00
1

Huffington Post издвои неколку факти поврзани за Путин кои се прилика да го запознаете малку подобро.

1. Путин израснал во стан во Санкт Петерсбург (тогаш Ленинград) во кој живееле три семејства.

2. Дедото на Путин бил готвач. Тој имал готвено за Ленин и за Сталин.

3. Има црн појас во џудо кој го стекнал на 18 години и до ден денес ја практикува оваа вештина.

4. Обожава шпионски романи. Во една прилика има изјавено „најмногу од сè ме импресионира тоа што еден човек може да го постигне она што не можaт ниту цели армии”.

5. Станал дел од КГБ уште додека бил на универзитет, а во периодот на 80-тите им помагал на тајните служби да регрутираат шпиони кои би оперирале на Запад.

6. Обожава кучиња, а дел од своите миленици ги носи и на политички средби. Некои велат дека тоа му е тактика со која ги плаши светските моќници.

7. Течно зборува германски јазик, но не стои толку добро со англискиот.

8. Путин се разведе од сопругата Људмила во 2013-та година. Веста за нивниот развод ја потврдија двајцата на мошне необичен начин. Имено, тие присуствуваа на балетска изведба по која на новинарка и изјавиле дека одлучиле да се разведат.

9. Путин има две ќерки, но нема да дознаете ништо за нив бидејќи деталите за нивниот живот се чуваат во тајност. Двете оделе на колеџ каде биле пријавени под друго име, а нема податок за тоа каде се наоѓаат во моментов.

10. Важи за религиозен човек. Во неколку наврати има предизвикано контроверзи благодарение на изјави мотивирани од религијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma