Ишлери со ореви

popara15 јануари, 201420min00
30

Состојки:

Тесто:

100 гр маргарин

1 јајце

200 гр шеќер

40 гр чоколадо

250 гр брашно

Фил:

100 мл млеко

150 гр мелени ореви

3 лажици шеќер

80 гр маргарин

Прелив:

20 гр маргарин

150 гр чоколадо

Подготовка:

Изматете го маргаринот, додадете јајца и шеќер. Чоколадото се топи на пареа, па се додава во смесата. На крај се додава брашно и се меша за да се добие изедначено глатко тесто. Со калап се вадат парчиња од тестото и се подредуваат во подмачкана тепсија. Се пече во загреана рерна на 200 степени.

За фил: стоплете го млекото во кое се додаваат мелените ореви и шеќер и оставете филот да проврие. Тргнете го садот од оган па додадете го и матениот маргарин. Мешајте додека не се изедначат состојките. Откако ќе се олади филот се филуваат ишлерите како сендвичи. На крај се додава чоколадниот прелив. Ишлерите се сервираат ладни.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *