
Дестинација која важи за прататковина на Викинзите, троловите и многу митски суштества, со магична природа која само тука можете да ја видите е Исланд.
Земја со архитектура како од бајките, во која се преплетуваат санти лед, гејзери, водопади и вулкани, и така креираат нешто неповторливо. Туристите кои сакаат недопрени предели, непознати природни феномени и авантури кои ги поместуваат границите на вообичаеното и нормалното се идеални патници за Исланд.

















