Силната жена е онаа која излегува со најшироката насмевка на лицето, макар и да плачела цела ноќ во постела!
Силната жена е онаа која научила да се смее дури и кога срцето и се кине од болка!
Силната жена не дозволува гласот да и затрепери дури кога душата и плаче со најгорчливите солзи!
Таа секогаш чекори напред со високо дигната глава!
Таа ќе направи се за луѓето што ги сака дури и кога тие ја повредуваат!
Силната жена не се губи лесно, но ако ја изгубиш, ја губиш засекогаш!
Таа секогаш е тука кога ти е потребна и никогаш нема да побара да и вратиш! Таа знае да те сослуша, ќе ти даде совет и ниту еднаш нема да спомне за твојата болка!
Силната жена паѓа, но секогаш се исправува колку и да ја чини тоа! Таа ги води без страв битките во својот живот дури и кога знае дека со тоа ќе ги нанесе поредните болни рани на својот грб.
Таа никогаш не си поставува за цел да се одмазди на луѓето што ја повредиле…Таа знае дека се во животот се враќа и дека некој ден, кога и да е ќе биде среќна!
Силната жена се смее кога душата и плаче. Таа пее кога срцето и се кине, но и таа носи во себе една слаба жена, уморна од борби и битки, од предавства.
Силната жена носи во себе едно девојче со скршени крила, целото во лузни и рани, облеано во солзи. Едно девојче кое сонувало за свет подобар од овој, за луѓе кои нема да ја повредат и за бреме што нема да ја скрши. За време во кое нема да мора да биде секогаш Силната жена!
Понекогаш и таа плаче, но таа плаче сама…