Сигурно често ви се случило да не можете да дочекате се исуши лакот на вашите нокти, па поради нетпреливост или недостиг на време сте ги уништиле ноктите. Но, има решение и за тоа.
Благодарение на две состојки, лакот на ноктите брзо ќе се исуши, а притоа ќе се потхрани и кожата на рацете. За да го исушите лакот на вашите нокти за само една минута, треба да помешате 1 чашка ракија и малку маслиново масло. Откако ќе ги налакирате ноктите, ставете ги прстите, еден по еден, во оваа комбинација и оставете ги само 1 минута. Потоа маслото нежно втријте го во кожичката околу ноктот и нанесете крема за раце. Маслиновото масло многу брзо го суши лакот, а кожата на рацете и околу ноктите ќе ја направи мека и нежна.