
Состојки:
- 500 гр компири
- 300 сланина, исечкана на коцки
- 4 домати, исечени на четвртинки
- 1/2 главица кромид
- 60 мл маслиново масло
- 4 чешниња лук
- 300 грама боранија, обарена
- 1/2 лажиче оригано
- 4 ливчиња ситно сечкан босилек
- 60 грама ситно сечкан магдонос
- сол и бибер
Подготовка:
Сварете те ги компирите во зовриена и солена вода. Лукот и магносот ситно исечкајте ги. Кога компирите ќе бидат сварени, уште додека се топли излупете и исечете ги на четвртинки. Пропржете ја сланината, додека да се стопи маснотијата. Компирите зачинете ги со сол, бибер и додадете ги преостанатите состојки : лук, кромид, домати, сланина, оригано, магдонос, боранија.
Измешајте ја салатата убаво.