Италијанска торта со бисквити

popara27 јануари, 201418min00
4

Состојки:

3 јајца

130 гр шеќер

130 гр лешници

130 гр путер

40 парчина бисквити

1 чаша кафе со млеко (лате)

1 ванилин шеќер

1 мала чашка рум

Жолчките се матат со шеќерот, додека не се добие пена.

Лешниците се печат во рерна на умерена температура, околу 15 минути. Откако ќе се испечат се мелат или се сецкаат ситно.

Путерот се мати, па се додава смесата со жолчките. Се додаваат и лешниците. Целата смеса се мати повторно со миксер.

Додека сеуште матите со миксер, додадете рум, а на крај додадете ги матените белки, но многу бавно и внимателно, за да не спласнат.

Бисквитите се потопуваат во кафето со млеко во кое претходно сте го додале ванилиниот шеќер. На дното од тавате ставете еден ред бисквити. Потоа додадете дебел слој од кремот. Се ставаат ред бисквити, ред крем, се додека не се потрошат состојките.

На крај треба да завршите со бисквити.

Тортата се покрива со алуминиумска фолија и треба да отстои 5 часа во фрижидер.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag