Иван Ивановиќ уште еднаш доби шанса да ја пецне Јелена Карлеуша. Во својата емисија водителот прокоментира за веста дека пеачката наводно продала само 9 карти за нејзиниот настап на Стара Нова Година.
-Прочитав наслов „ Јелена Карлеуша продаде само девет карти за нејзиниот настап” Тоа не е точно медиумите лажат! Продаде дури тринаесет, а една моја пријателка ми кажа дека продала четрнаесет. Добро еве нека бидат четрнаесет-се нашали Иван.