
Раун, кој потекнува од градот Јучун во областа Фенгсин од покраината Џиангси, на себе не носел никаква маица и бил заштитен само со тампони во ушите, а потоа се премачкал со мед и дозволил да го прекријат пчелите.
„Многу пчели имаше на него. Тоа изгледаше многу опасно”, изјавила една жена којашто го следела настанот. Успеал да издржи 53 минути и 34 секунди лога нозете почнале да му трпнат и морал да ги растера инсектите. На подвигот Руан биле претставници на Гинисовата книга на рекордите кои го потврдиле неговиот „резултат”. Тој издржал и „костим” 62,1 килограми од пчели, или околу 100 илјади пчели без ниту еднаш да биде убоден.
Инаку тој не е првиот Кинез кој рекордер во оваа бизарна „дисциплина”. Во 2012 година 34-годишниот Ши Пинг од градот Чонгкинг беше прекриен се 460 илјади пчели во обидот да го промовира својот бренд на мед.

