
Се работи за Далас Милер која има 21 година и е од Нешвил. Таа била шокирана кога видела дека нејзината фотографија е поставена во оглас за проституција без нејзина дозвола.
За ова дознала кога пријател ѝ го пуштил линкот од страницата backpage.com. Најмалку 10 нејзини приватни фотографии кои ги објавила на Фејсбук во рамки на кампања за злоставувани деца биле искористени во огласот.
„Се чувствувам како жртва. Моите фотографии ги избрале случајно, ова би можело секому да се случи“, рекла Милер за локалната телевизија.
Полицијата го истражува овој случај, но вели дека ќе биде тешко да се реши бидејќи имаат работа со лажни кориснички сметки и АјПи адреси во странски земји. Милер контактирала со сопствениците на страницата и ги принудила да го повлечат огласот, но нејзините фотографии сè уште може да се најдат на интернет.
httpv://www.youtube.com/watch?v=_FTzlrVWbKU