Пиварата BrewDog од Норвешка, на етикетата го постави следниот опис: “Здраво, моето име е Владимир. Јас сум 100% хетеросексуалец и ќе донесам закони за да го докажам тоа. Пиејќи ме мене добивате енергија, незнаење, догматизам и сила да донесете дискриминирачки закони, пред воопшто да стигнете да појадувате кавијар”.
Ова пиво во продажба се најде пред почетокот на Олимписките игри во Сочи, како вид на протест против законите кои се однесуваат на геј популацијата.
Пиварницата испрати сандак од ова пиво во Кремљ и во руската амбасада во Лондон.
“Добивме голема поддршка на социјалните мрежи и луѓето ја поддржуваат нашата цел. Оние закони кои се донесени во Русија ги спречуваат луѓето да ги живеат своите вистински животи и затоа одлучивме да не седиме со скрстени раце и да немаме мислење во врска со тоа” изјави Џејмс Ват, еден од основачите на оваа пиварница.