
Состојки:
500 мл. јогурт
половина шолја масло
2 шолји шеќер
2 шолји брашно
2 лажици какао
1 мало лажиче сода бикарбона
Глазура:
150 мл. млеко
1 чоколадо за готвење
½ маргарин
4 лажици какао
200 гр. шеќер
Сите состојки кои се потребни за тортата се мешаат со лажица.
Добиената смеса се става во намрсена четвртеста тава и се пече 30 минути на 175 степени.
Откако ќе се испече, додека тортата е сé уште топла, се прелива со глазурата, која исто така треба да е топла.
Тортата веднаш се сече на коцки или ромбоиди за да се впие глазурата.
.