Како да го задржите темниот тен и по летувањето

popara24 август, 20141min00
5

За време на престојот на плажа, нашата кожа под дејство на сонцето станува потемна, но за жал, темниот тен има краток рок на траење. За да го одржите тенот кој макотрпно сте го негувале во текот на летувањето, придржувајте се кон овие неколку корисни трикови.

Еден од најдобрите начини да го задржите тенот што сте го добиле на летувањето е и по одморот да продолжите со сончање. Повремената изложеност на сонце ќе биде сосема доволно вашата боја да се одржи без поголеми промени.

Доколку пак, приватните и деловните обврски не ви дозволуваат да посетувате базени или други јавни капалишта, помагаат следните трикови.

Храната и намирниците кои ги внесуваме во организмот може да ни помогнат во одржувањето на темната боја на тенот. Се препорачуваат намирници кои се богати со бета каротен. по летувањето вашето мени би требало да содржи: говедско месо, јајца, касјии, сите жолти овошја, морков.

Хидратацијата е задолжителна – По долгото изложување на сончевите зраци, на огранизмот му е потребна хидратација. Пијте доволно течности, пред сè вода. Се препорачува доза на витамин А во вид на апчиња или со нанесување на лосиони, млека за тело или други козметички препарати кои содржат витамин А.

За време на сончањето користете соодветен заштитен фактор, за постепено добивање на боја, што е еден од клучните услови за долготрајна боја.

Туширајте се кратко, со млака вода, без користење на сунѓери за капење. Пилингот направете го пред одење на сончање за да ја исчистите кожата. Доколку сте во можност, сами направете пилинг, од природни намирници бидејќи тие ќе остават најдобар ефект на вашата кожа, а ќе ја избегнете можноста од иритација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag