Како да ја натераш да прифати орален секс

popara19 август, 20141min00
4

Постојат две можности – Едната е дека воопшто не е заинтересирана за орален секс, а другата е дека правиш нешто погрешно. За следниве нешта мора да се размисли:

ВНИМАВАЈ КАКО СЕ ОДНЕСУВАШ
Најголем дел од жените не сакаат кога некој насилно им ја бутка главата надоле. Што и да си видел во порно филмовите, многу подобро ќе поминеш ако и дадеш комплимент дека е предобра во оралниот секс и дека изгледа неодоливо додека тоа го прави.

БЕЗ ИЗНЕНАДУВАЊА
Веројатно таа не сака изненадувања во нејзиното грло. Ако сте на почеток со оралниот секс, прашај ја дали е во ред твојата „кулминација“ да се најде во нејзината уста или било каде по нејзиното тело. Дури и да е одговорот потврден, најавете се.

 

СЕБИЧНОСТ
Некогаш без проблем ти пружаше орално задоволство, но одеднаш почна да одбива? Можеби не го возвраќаш вниманието. Многу мажи мислат дека имаат целосно право на тоа, без обврска и тие нешто да направат. Наместо такви ставови, покажи и колку уживање може да добие ако ти си првиот што ќе се спуштиш во нејзиното меѓуножје. Тоа ќе ја ослободи и расположи, и ќе посака да ти го возврати уживањето.

ФРИЗУРА
Можеби не и се допаѓа естетиката на твоите интимни влакна. Води сметка, прашај ја како сака да изгледаш кога ќе ги соблечеш боксерките. Важно е да и изгледаш привлечно.

БРЗИНА
Тешко дека и се допаѓа идејата за орален маратон. Ако ти треба подолго време, добра идеја е да имате повеќе предигра пред да стигнете до оралниот секс. Тоа ќе ти помогне да го скратиш времетраењето и да ја поштедиш од вкочанета вилица. Ако таа е „на терен“ веќе подолго време, дај и време да одмори, без да ја прекинуваш сексуалната игра. Потруди се да ја одржиш страста на завидно ниво и да ја предизвикаш повторно да посака да ги спушти усните на твоите препони.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag