Доколку го средувате плакарот и наидете на стари класични маици чија ткаенина е сè уште во добра состојба, не фрлајте ги – искористете ги за да направите шик асиметрични елечиња кои можете одлично да ги комбинирате со тесни маички и со кошули. Замислете, ако имате само 2-3 такви маици во различни бои, со добиените елечиња ќе можете да направите безброј нови модни комбинации.
Потребно:
- Стара маица
- Ножици
- Неколку минути од вашето време
Постапка:
Најпрво исечете ги ракавите и околувратникот, а потоа исечете и по рабовите на страните на маицата. Готово.
Погледнете го видеото за да видите како точно изгледа постапката и како се носи добиеното „парталче“.
https://www.youtube.com/watch?v=5aiJYGzioHw