Како да не заобиколат тагата и несреќата? Заобиколете ги вие!

popara8 февруари, 20141min00
5

На овој свет нема, навистина нема ништо толку фатално. Тука сме само за еден миг и треба да го проживееме забавувајќи се.

Онаму каде што ќе го насочите своето внимание тоа го добивате во животот.  Ние сме енергетски суштества и живееме во енeргија што постојано вибрира во вселената. Се околу нас е енергија. Енергиите кои вибрираат на иста бранова должина се привлекуваат. Тоа е толку едноставно!

Нашите мисли се многу силна енергија. Сигурно сте слушнале за моќта на позитивното мислење. Тоа е законот на привлекувањето. Кога постојано се жалите и се нешто ви фали, кога сте незадоволни, така и ќе продолжи да биде, се додека не излезете од маѓепсаниот круг на негативните мисли.  Ако сакате да сте здрави, мислете дека сте здрави. Во секоја една ситуација пронајдете позитивен аспект. Смејте се и радувајте се на животот и тој нема да ви остане должен.

Можете и треба да се концентрирате на определени ваши желби, додека ги постигнете, а може едноставно да бидете само позитивни и ќе видите како работите околу вас се подредуваат точно како што треба и без напор. Како да не заобиколат тагата и несреќата? Заобиколете ги вие! Кога вашата мисла е на фреквенцијата на среќата и хармонијата, таа ќе го привлекува точно тоа и несреќата ќе ве заобиколи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *