Со оглед на тоа, дека многумина од вас поминуваат долго време со лаптопот, сигурни сме дека имате проблеми со батеријата. Токму заради тоа ви предлагаме неколку полезни совети, кои би можеле да го продолжат нејзиниот живот.
- Не го држете компјутерот постојано на полнач
Кога за прв пат ќе го вклучите, наполнете го до крај. Потоа најдобро е да ја одржувате меѓу 40 и 80%.
- Тоа им дозволува на електроните да се движат, што може да го продолжи неговиот живот дури четири пати. Внимавајте и почесто гледајте на колку проценти е батеријата. Не го ставајте лаптопот да се полни кога е исклучен и не го користите.
Уште едно важно нешто е еднаш месечно до крај да ја испразните батеријата и потоа да ја наполните до крај, за да може добро да калибрира.
- Внимавајте на температурата. Повеќето лаптопи треба да се чуваат на температура од 10 до 35 степени целзиусови.
Еднаш во месецот, добро е да го однесете лаптопт да ви го исчистат од прашина.
- Не го оставајте лаптопот со празна батерија. Ако знаете дека нема да го користите, најдобро е да го оставите со приближно 50% полна батерија. Оставањето на лаптопот со празна батерија, може во потполност да го уништи.