Како слабеат холивудските ѕвезди?

popara21 април, 20141min00
1
Кај повеќето холивудски ѕвезди се работи за истото: тие се платени да бидат слаби и затегнати. Некои ѕвезди затоа превземаат екстремни мерки да ја одржат тежината, додека повеќето комбинираат одредена диета и редовно вежбање. Ви откриваме 5 тајни на познатите за диети кои делуваат.

1. Кај вежбањето е најважен квалитетот

Час време лесна прошетка секој ден е добро, но така нема да ги симнете килограмите. Морате да го зголемите бројот на срцеви отчукувања секој ден по 20-30 минути, за да ја отстраните маста. Тренерот во локалната теретана ќе ви ја измери брзината на отчукувања бесплатно. Познатите личности трчаат, одат на пилатес или на јога за да останат слаби.

Додатен совет: Ако вежбате наутро, метаболизмот ќе ви биде добар цел ден, што значи дека вашето тело ќе согори повеќе калории со помалку труд.


2. Хранливо овошје и зеленчук

Овие главни компоненти на пирамидата на исхраната нудат неопходни витамини и минерали со помалку калории.

Додатен совет: За што подобро да ја искористите оваа предност, јадете овошје и зеленчук со малку калории, а кои се богати со хранливи материи.

3. Внесувајте доста влакна

Храната богата со влакна, вклучувајќи ги и овошјето и зеленчукот, може да ви помогне подолго време да се чувствувате сито.

Додатен совет: Многу ѕвезди сакаат пашканат, кој може да има природно дијаретичко дејство. Овошјето и зеленчукот би требало да ги јадете најсирови што можете: свежи или благо зготвени, без сос.

4. Исфрлете го белото

Не треба да ги исфрлите сите јаглени хидрати од диетата, туку треба да ги јадете целите житарици, пченичното брашно, кафеавиот ориз и овесната каша.

Додатен совет: Наместо „бели“ или преработени јаглени хидрати како што се белото брашно, белиот ориз, белиот компир и преработените житарици, бирајте ги интегралните.


5. Вежбајте контрола на порциите

Повеќето луѓе јадат многу поголеми порции отколку што им требаат. Познатите ѕвезди одат толку далеку, што ја мерат секоја порција за да го контролираат внесот на калории.

Додатен совет: Порцијата на месо не треба да биде поголема од шпил карти, овошјето и зеленчукот да не бидат поголеми од вашата тупаница, порцијата готвен кафеав ориз треба да има големина на мал филџан за кафе, а порцијата тестенини да биде со големина на топка сладолед. Ѕвездите на овој начин го контролираат внесот на калории.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag