Во новиот документарен филм на Џонатан Херис посветен на животот на порно актерките со посуптилен пристап се следи секојдневниот живот на девет порно актерки кои се појавуваат во лезбејски порно филмови.
Интересен податок за овој документарец е што за 10 долари гледачите ќе можат да се запознаат со актерките на официјалната страница на филмот.
„Постои интерактивна опција во која гледачите ќе можат да истражат повеќе од 6 часа материјал, но ограничено на десет гледдачи дневно”, вели Херис.
„Откако го снимив филмот, поинаку гледам на порно филмовите. Ги гледам вистинските луѓе кои се појавуваат во тие филмови. Се чувствувам многу подобро поради сопственото тело и телата на луѓето во мојот живот. Ги почитувам фантазиите, но тие сега имаат помало влијание на мене”, заклучува режисерот.
Во филмот „I Love Your Work” е прикажан животот на актерките, нивните домови и секојдневните навики.
Видеото има експлицитни сцени.
httpv://www.youtube.com/watch?v=ZyesJ_Dkwro