Како живее кралот на пиратеријата: Ким Дотком или таткото на “Megauploud“

popara8 јануари, 201418min00
27

Нарекувајќи го “холивудски лошко“, емисијата “60 Минути“ неодамна на гледачите им претстави дел од животот на Ким Дотком кој наводно ја оштетил оваа индустрија најмалку со 500 милиони долири, пред властите да го затворат неговиот сајт.

Ким во моментов живее во Нов Зеланд каде води борба против испорачувањето во САД каде властите го сметаат за еден од најголемите “пирати“ на сите времиња.

САД бара од Нов Зеланд да го испорачаат овој интернет тајкун, кој се терети дека на филмските компании, оние што се занимаваат со музика и игри ги оштетил со околу 500 милиони долари.

Дотком пак тврди дека не може да биде одговорен за кршење на авторски права, бидејќи тоа го правеле корисниците на Mega, а не самата Mega, и тврди дека сајтот постапувал според барањата на носителите на авторските права – отстранување на линковите кои водат кон пиратскиот материјал.

httpv://www.youtube.com/watch?v=kB4JNryLFqY

httpv://www.youtube.com/watch?v=gMxhIfG0MpY

httpv://www.youtube.com/watch?v=3cvgZsl_Prg