Каков ѕвер ќе возат американските војници

popara27 август, 20141min00
Каков ѕвер ќе возат американските војници

Што ќе добиете ако вкрстите тенк и брод? Ако прашате некој од американските Маринци, ќе ви одговорат Амфибиското возило за ултра тешко товари (УХАЦ – Ultra Heavy-Lift Amphibious Connector). Масивното возило почнало со тестирањата во маринската база на Хаваи, во рамки на воени вежби на овој специјален род на американската армија.

УХАЦ е експериментално возило кое ја демонстрира потенцијалната можност за пренесување војници во области каде тоа е невозможно со постоечката технологија. Прототипот е еден вид транспорт „од брод до копно“ (Ship-to-Shore) и е само половина од големината на планираната машина која треба да го замени актуелниот десантен ховеркрафт ЛЦАЦ (Landing Craft Air Cushioned).

 УХАЦ на вода патува со брзина од четири јазли користејќи систем од лопатки кои на копно функционираат како „гасеници“ за движење по тешки терени.
httpv://www.youtube.com/watch?v=zhsuQPB-LcU
httpv://www.youtube.com/watch?v=pJClB1OHhwo

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag