Паметниот телефон на Apple, iPhone 6, ќе ја има истата камера од 8 мегапиксели како и неговиот претходник. Apple ќе се фокусира на оптичката стабилизација и автофокусирањето, а не на зголемување на бројот на пиксели, пишува “China Post”.
Овие информации ги откри неименуван извор од компанијата “Nomura Security”, а доказ за тоа се најновите документи за патентот, кои ги предаде компанијата Apple.
Според тие документи, јасно е дека Apple планира да им овозможи на купувачите вистински висококвалитетни фотографии.
Во раните извештаи се зборуваше дека iPhone 6 ќе има камера која ќе овозможи правење на повеќеслојни фотографии, кои дополнително ќе може мануелно да се рефокусираат.