„Забрането ми е да јадам било каква нормална храна. Кога одам на ручек, ќе ги погледнам сите предлози од кујната и сфаќам дека не смеам ништо да пипнам и јадам“, се пожали глумицата Емилија Кларк.
Емилија Кларк која ни е најпозната по Калиси од Играта на Тронови, во петото продолжени на Терминатор ќе ја игра Сара Конор, а за да се припреми за улогата ќе мора да подлежи на ригорозна диета.
„По цел ден и секој ден вежбам со оружје. Дигам тегови, пукам со пиштоли и тренирам кикбокс. Во главно, го претепувам кого стигнам! За време на тренинзите забрането ми е да јадам било каква нормална храна. Можам да испијам само чаша чај и тоа без млеко и шеќер.“