Карамел коцки

7 септември, 20140
7

Состојки:

тесто:

  • 100 гр маст или маргарин
  • 1 јајце
  • 250 гр брашно
  • ½ прашок за печиво
  • 50 мл млеко
  • 100 гр шеќер

фил:

  • 300 гр шеќер
  • 500+50 мл млеко
  • 50 гр брашно

Подготовка:

Во еден сад со вилушка се матат маста (или маргаринот) и јајцето. Се додава брашното измешано со прашок за пециво. Со рака се меша додека не се добие зрнеста смеса. Се додава млекото во кое претходно е растопен шеќерот и се заедно се меша, треба да се добие меко тесто.
Тестото се остава да се одмори 1 час, па се дели на 2 дела. Од секој дел се развива кора што се пече на задната страна од плех од шпоретот. Секоја кора се пече по 10-ина минути на 180⁰С. Испечените кори се тврди и кршливи, ќе омекнат кога ќе се филуваат.
Додека корите се печат, се прави филот: 500 мл млеко се става на оган да се стопли. Во едно тенџере се става шеќерот и со постојано мешање се топи додека не се карамелизира. Кога шеќерот ќе стане течен и ќе добие карамел боја, му се додава половина од стопленото млеко и се меша додека шеќерот не се растопи. Во друг сад се меша брашното со 50 мл млеко додека не се добие мазна смеса и во тој сад се додава другата половина од стопленото млеко. Се меша убаво и се соединува со стопениот карамел. Добиената смеса се вари на тивко додека не се згусне. (треба да биде малку поретка од пудинг). Филот се остава да се излади.
Секоја кора се филува со згуснатиот фил и се остава добро да се излади (најмалку 12 часа во фрижидер). За тоа време корите ќе омекнат и филот ќе се стегне. Колачот се сече на коцки или правоаголници и се сервира.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *