
Веројатно чизмите се бренд и веројатно се во тренд. Нема да го коментираме моделот сега. На нас ни направи впечаток тоа што Клои Кардашијан избрала ваков стајлинг за преку ден.
Освен чизмите стајлингот е збогатен со многу кратки и искинати тексас панталончиња. Како да не било доволно секси нејзиното деколте, под кожната црна јакна.
Нејзината полусестра Кендал Џенер не заостанува зад неа, таа е стилски облечена во кожени панталони и високи потпетици.
Клое е во нејзината најдобра форма досега и тврди дека нејзиното фантастично тело не е резултат на медиумскиот притисок околу нејзиниот развод.
Дали оправдувате ваков стајлинг за преку ден?


