Кејт Мос, супермодел, која во исто време зрачи со едноставна и грациозна убавина, неодамна одлучила да даде интервју на фотографот Ник Најт што е нешто што таа иначе многу ретко го прави. Овој пат причината биле кратките филмови кои ја прикажуваат модната фотографија од агол на моделите.
Токму затоа Кејт одлучила да го подржи овој проект и да се сретне со Ник и да прокоментира за неколку фотографии од почетокот на нејзината кариера.
Првата фотографија е од 1990 година кога Кејт имала само 15 години. Воедно тоа била фотографијата што ја лансирала во модната индустрија, а таа признава дека во тоа време се срамела од своето тело.
httpv://www.youtube.com/watch?v=pspJAkTq3sk#t=42