Кили: Го излечив ракот со марихуана, имам докази за тоа (видео)

popara3 ноември, 20141min00
6

Во емисијата “Во недела попладне“ Кили откри дека маслото од марихуаната го излекувало. – Имам дијагноза малигнитет на неоплазма и канцер на долги коски, со јасни метастази на магнетна резонанса. По шест месеци конзумирање на ова масло сум подобар, не смеам да кажам од каде го набавувам зашто пак ќе свирам клавир во казнено-поправната установа – вели тој и негодува што марихуаната како лек не е дозволена во нашата земја.

Патем додаде дека тој имал мисија на земајава.

-Јас ќе живеам до 2036 година. А за да можам добро да се чуствувам морам да го консумирам мојот лек кој овде е забранет. Затоа ќе заминам од државава.  Нажалост живееме во земја каде мојот лек кој ме спаси не е дозволен во Македонија. За да се доизлечам и да го завршам „Тајниот живот на Кирил Поп Христов“, позитивно, како што јас знам и умеам, ќе морам да се дислоцирам во друга земја, каде што тоа е дозволено, да се доисчистам, како не би правел проблем на нашата Македонија, која е во цутот на развојот, на убавината и благосостојбата на живеење во неа – вели тој.

Тој нагласува дека има луѓе преполни со љубов кон него, но и луѓе преполни со омраза кон него, што е многу подобро отколку сите да те сакаат или сите да те мразат.

httpv://www.youtube.com/watch?v=QfjVcaexo7Y

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma