Реткост е да се види згодната Ким Кардашијан без, во најмала рака, маскара, сјај за усни и пудра. Навикнати сме Ким Кардашијан да не инспирира и воодушевува со нејзиниот гломурозен имиџ и појава, средена коса и блескав тен. Но во последно време, барем што се однесува до славните фаци, владее тренд да се појавуваат без шминка и фотошоп. Па така, на насловната страница на списанието Harper’s Bazaar ќе ја видите славната Ким без грам шминка, а резултатите се навистина изненадувачки.
Таа вели дека се гордее со себе, а ние се согласуваме со нејзиниот вереник Каније, кој тврди дека Ким е убава во било кое издание.