Клинт Иствуд смета дека неговата наскоро екс-сопруга ќе треба да научи сама да се грижи за себе… бидејќи тој од судот побарал да се одбие било каква финансиска подршка за Дина Иствуд.
Клинт Иствуд веќе ги поднесол правните документи за развод, а сега се обидува што побрзо да го затвори нејзиното барање за издршка после разводот.
Освен тоа, се чини дека постои и битка и на друг фронт – станува збор за нивната 16 годишна ќерка Морган. Неговата сопруга побарала да и се додели целосно старателство над детето, а Клинт се залага тоа да биде заедничко старателство со еднакви права на двајцата родители.
Клинт вели дека нивниот 17 годишен брак се распаѓа повеќе од една година и дека всушност тие не се заедно од јуни 2012 година.
Среќните заеднички денови веќе се минато за нив…