Кога ќе наиде змија – Бегајте!

popara23 април, 20141min00
2013-year-of-the-snake-list_64139_600x450

Во случај да наидете на змија, не треба да паничите, па ни случајно да се обидете да ја фатите. Змијата треба полека да ја заобиколите или заплашите со удар со ногата во земјата.

Змиите немаат надворешни органи за слух, па слабо слушаат звуци кои се шират низ воздухот, но затоа преку коските на долната вилица многу добро ги чувствуваат вибрациите на земјата и тоа ги плаши. Змијата нема намерно да нападне човек, освен ако не се почувствува загрозено.

И покрај тоа што средбата со змијата може да биде незгодна, во Македонија живеат 2 отровни змии: Поскок и Шарка.

Исто така, иако стравот од каснување од змија е голем, треба да се има во предвид дека има поголеми шанси личноста смртно да настрада од убод од пчела, отколку од змија.

Предупредувањето е во случај на каснување, да не се фаќа или убива змијата, за да се однесе на лекар, бидејќи при тоа би можела повторно да касне некого.

Лекарите многу добро препознаваат каснување од отровна змија, а точното одредување на видот не е потребно, бидејќи за сите каснувања се користи ист противотров. Личноста која е касната од змија би требало да се смири и да ја извади облеката и накитот од местото на каснување заради отекување на ткивото. Раната треба да се остави да крвари слободно без сечење или вшмукување на отровот.

Личноста треба што побрзо да се однесе до најблискиот медицински центар, а пожелно е раната да се исчисти со помош на цврст предмет и да се имобилизира екстримитетот.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma