Дали го имате она чувство дека сте се спасиле за влакно? Дека сте се извлекле од многу непријатна ситуација? Или пак сосема спротивното, колку и да се трудите, работите не ви тргнуваат на арно? Вистината е дека некои луѓе се родени под среќна ѕвезда и затоа повеќе успеваат и имаат среќа од другите.
Во едно истражување целта била да се докаже дали среќата е прашање на чиста случајност или пак кармата ги замешала прстите. Експертите утврдиле дека тоа исклучително многу зависи од Зодијакот и влијанието на планетите.
Во таблицата подолу е посочен интервалот на инциденти и несреќни случаи според различните хороскопски знаци и влијанието на планетите.
Според експертите најмалерозни знаци се Стрелоцот на прво место, а на второ Шкорпијата. Најголеми среници се Водолијата и Близнаците.
Друго нешто што прави впечаток е тоа дека силните планети во својот сопствен знак водат до повеќе инциденти, например Сатурн во Јарец, Јупитер во Риби, Месечината во Рак. Исклучок прави Меркур, кој во знаците на влијание води до најмалку инциденти.
Според таблицата проверете за вашиот знак. Ниската вредност е знак за среќа во знакот, а високите вредности укажуваат на малер.