Либидото на секоја личност е на различно ниво и не мора да значи дека вие и вашиот партнер сте на иста бранова должина кога ова е во прашање, иако степенот на усогласеност е пропорционален со задволството од сексуалниот живот.
Точен одговор на ова прашање не постои, бидејќи точната количина на секс во некој однос зависи од индивидуалните потреби, желби и можности.
Од друга страна, може да се случи со вашиот партнер да имате совршено усогласено либидо и да водите љубов секогаш на обострано задоволство, без разлика дали тоа е еднаш дневно или неделно. Битно да не се замарате со бројки и статистики од други парови.
Тоа што е сигурно е дека не мора да се грижите дека со вас нешто не е во ред доколку сакате секс секој ден или дури повеќе пати дневно, но и доколку потребата за секс се јавува еднаш месечно.
Човековата сексуалност е навистина широка тема и баш како што различни луѓе ги возбудуваат различни работи, пози и движења, така е тешко да се говори и за нормалната количина на секс.
Иако постојат бројни студии на оваа тема кои дале одредени статистички податоци, прашањето на либидото е индивидуална работа. Сепак, најбитно е вашето лично задоволство и можноста за здрав разговор за сексуалниот живот со вашиот партнер. Доколку вашите потреби и потребите на партнерот се разликуваат, разговарајте за тоа и најдете компромис. Здравата комуникација е темел на секоја успешна врска, без разлика на проблемот.