Колку сериозна е опасноста за пасивните пушачи?

popara15 мај, 20141min00
18

Процентот на пушачи е во пораст, бројка на која не треба и не смееме да затвориме очи и да премолчиме. Пушењето е штетно и по здравјето на оној кој пуши и по здравјето на оној кој е во негово присуство.

Дури и се поставува прашање кој е повеќе загрозен: пушачите или пасивните пушачи?!

Во низа истражувања и статии се укажува на фактот дека пасивните пушачи се позагрозени од оние кои пушат.

Вдишувањето чад кај лицата кои не се пушачи може да доведе до појава на синдромот на деменција. Деменцијата значи оштетување на мозокот, кое може да се одрази врз способноста за помнење, способноста за насочување на вниманието, проблеми со говорот. Подоцнежната фаза од оваа болест се карактеризира со дезориентираност во времето, местото, како и личностите околу вас.

Синдромот на деменција се јавува после 60-та година, што е нормално, но пасивното пушење ја намалува оваа граница и го зголемува ризикот од поголеми оштетувања на мозокот.

Покрај оваа болест, вдишувањето чад од цигари штетно влијае и врз срцето, белите дробови, може да предизвика канцерогени заболувања, асма, инфекции на нос, уво и грло, алергии.

Како да не станете пасивен пушач?

Едноставно забранете пушење во вашиот дом, а за оние кои сакаат да ве посетат, или за пушачите од семејството, направете удобно местенце на тераса или во дворот; барајте да се почитува правилото за непушење на работното место; игнорирајте ги кафулињата и дискотеките во кои е дозволено да се пуши, затоа што секогаш здравјето е на прво место.

Борете се со оние кои го загадуваат воздухот во просториите каде што престојувате, борете се за своите права и здравје.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag