Колку сте среќни на скала од 0-10?

popara11 април, 20141min00
4

Дали сум среќна? На скала од 0 (значи несреќна сум ) до 10 ( скокам од радост ), што е одговорот ?

Што е најважно во животот? Бидејќи ова прашање станува амбивалентно кога нешто непредвидено ќе ни се случи во животот, кога нешто ќе не скрши од болка. Само кога сме тажни се сеќаваме на оние среќни моменти од минатото кои сме ги прифатиле со некоја рамнодушност, како да беа најнормални нешта на светот.

Само кога пријателката ми јави дека има рак на дојка, сфатив колку сум среќна бидејќи сум здрава …

Кога слушнав дека таткото на Марко починал, сфатив дека не е најлошото во светот, кога секоја сабота наутро одам со мајка ми на кафе, иако понекогаш би сакала да поспијам повеќе. Престанав да и се лутам што ме буди рано бидејќи сфатив колку сум среќна, бидејќи таа е се уште жива и здрава. Се нервирам, понекогаш на некои глупости на работа, а тогаш сфаќам каква привилегија е секој месец редовно да се добива плата, во секое време да се има струја и вода, како и полн фрижидер со храна. Гледам репортажа на ТВ од Сирија и сфаќам колку луѓе живеат во бегалски кампови .

Зар  навистина е потребно животот да ни удри шлаканица за да уживаме во моментите на среќа , кои се веќе поминати?

Да се вратиме назад на Катја од Сао Паоло, мојата колешка од Бразил. Додека го читам нејзиниот е-маил и нејзините размислувања за претстојната операција, хемотерапијата и зрачењето, сфатив дека е тажно што некои луѓе мораат да бидат болни, за да се разбере што е она што е суштинско во животот и колку е тоа кревко и кршливо! Одеднаш почнуваме да уживаме во малите нешта од секојдневниот живот. И некои од работите кои ги чуствуваме како обврска да ни станат привилегија. Одењето на работа , состаноците и обврските дома.

Дали навистина треба да доживееме нешто непријатно, да со благодарност гледаме во она што го имаме?

На фејсбук, пријателка ми испрати прекрасна приказна за тоа како десетина пријателки одлучиле да ја избричат главата во знак на поддршка на нивната пријателка која добила рак на дојка? Сите лајкувале, истото го направив и јас. Потоа го слушнав тоа за Катја .

Можеби и ние треба да им пружиме подршка на своите пријателки, пред тие да ја дознаат својата дијагноза?

Се сетив на Катја кога се запознавме пред шест години. Имавме иста работа во глобалниот тим. Јас сум одговорна за Базел, а таа за Сао Паоло . Многу и се допадна мојот ѓердан “Две Шмизле ” што го купив во Белград.

Уф, колку се мачев да го преведам “Две Šmizle ” на англиски јазик. Најдов фраза , па го преведов како женско лице , урбана девојка, со неодредени години . Таа се карактеризира со убаво однесување, фино воспитување, уреден изглед, извонреден шарм. Шмизлата ретко пцуе, уште поретко пие пиво од шише, склона е кон уметноста , екстравагантна, и е главниот фокус на озборување на завидливите девојки и суетните мажи. Офф како само се смеевме на тоа. А потоа кога последниот пат бев во посета на Белград , и купив и испратив еден ѓердан на Катја.

И пишав дека е на пат да биде Шмизла, и дека и фалат силикони во нејзините гради. Повторно, се смеевме. А потоа Катја во својата следна е-пошта напиша, дека ќе има силикони и ќе биде како “Белградска Шмизла” …

Повторно се смеевме. Катја ја очекува операција и терапија, но сите ние сме со неа, за да ја утешиме и дадеме поддршка и да продолжиме да се смееме заедно. И тогаш кога некој ќе ве праша дали сте среќни, да помислиме и кажеме, ” Да, секако.“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma