
Со нож изрежете го на ситни коцки (внимавајте кога ги правите коцките со ножот. додека ги сечкате ножот максимум нека се движи до средишниот дел на лебот). Помеѓу коцките наредете парчиња вкусен млечен кашкавал по ваш избор. Убаво посолете и додатете оригано и зачини по желба. Откако ќе завршите со зачинувањето додадете ситно исецкани кругчиња од млад кромид што ќе го збогати вкусот на вашето кралско лепче.
Завиткајте го лебот во алуминиумска фолија и печете во загреана рерна 15 минути. Потоа извадете го лебот одвиткајте го од алуминиумската фолија и повторно вратете го во загрената рерна и печете уште 10 минути.
Доколку имате посилна фурна печењето скратете го на 5 минути.
