
Состојки:
- 1,3 литри млеко
- 1 маргарин
- 6 лажици остро брашно
- 6 јајца
- 18 лажици шеќер
- 2 пудинзи од ванила
- 2 пакетчиња шлаг пена
- 2 кори за крем пита
Подготовка:
Одвоете ги белките од жолчките во посебни садови. Од белките изматете бел снег.
Во другиот сад малку изматете ги жолчките, потоа додадете половина од млекото, шеќер, брашно и пудинзи. Смесата убаво се меша.
Остатокот од млекото и маргаринот ставете ги во сад на огин и оставете да зоврие, а маргаринот убаво се растопи. Во оваа смеса додадете ја смесата со жолчките и мешајте убаво на тивок огин или на пареа додека да згусне. Извадете ја смесата и оставете да се подизлади, потоа додадете ги белките и мешајте со миксер.
На плех ставете ја едната кора, па нанесете го кремот, откако убаво ќе израмните, изматете ја шлаг пената и нанесете ја рамномерно. На крај ставете ја и втората кора и украсете со шеќер во прав.