Кристина Агилера е бремена, вредна и среќна! Судејќи според нејзините твитови , пејачката овие денови е навистина задоволна од својот живот.
– Благословена сум … албумот, бебето и убавата музика пристигнуваат – напиша таа на Твитер.
Агилера ќе донесе девојче на свет, а тоа ќе биде нејзиното прво дете со вереникот Метју Рутлер . Кристина во февруари објави дека очекуваат бебе , само една недела откако Метју ја побара за жена, во дворот на нивниот нов дом во Лос Анџелес, на Денот на вљубените ( 14.02.2014 ).
Кристина рече таа била целосно шокирана од романтичната понуда за брак од Метју, за која тој ја украсува градината со свеќи и црвени рози .
– Тоа не беше очекувано, но исто така не беше ни непожелно. Сите се многу возбудени. Кристина се радува во улогата на мајка – вели еден близок извор до двојката .
Двојката се сретна за време на снимањето на филмот Бурлеска во 2010, додека пејачката минуваше низ развод. Инаку, Кристина веќе има шест -годишен син со поранешниот сопруг Џордан Братман .