Трговец со старо железо меѓу старудиите во една антикварница здогледал златно јајце, веднаш ја препознал добрата шанса да заработи, но не ни сонувал колкав профит ќе има од предметот за кој платил 13 300 долари.
Се установило дека за ситни пари станал сопственик на Фаберже златно јајце чија вистинска вредност изнесува 33 милиони долари.
Експертите кои ја потврдиле автентичноста на украсното јајце велат дека приказната ги потсетува на Индијана Џоунс кој го нашол изгубениот ковчег. Ова е едно од ретките украсни јајца кои Карл Фаберже ги дизајнирал специјано за руското кралско семејство.
После револуцијата во Русија овие јајца ги заплениле болшевиците и повеќето се продадени на Запад.