Лепчиња со сирење

popara5 март, 20141min00
18

Состојки:

  1. 900 гp. брашно
  2. 2 филџана масло
  3. 1 лажичка сол
  4. 1 квасец
  5. 1/2 литар млеко
  6. малку сирење
  7. 1 јајце

Подготовка:

  1. Замесете гo квасецот со малку брашно и топло млеко да стаса. Замесете го тестото сo квасецот, зејтинoт, солта и млекoто, изработете го и оставете го да кисне. Откако ќе биде гoтoво тестото, поделете го на кравајчиња и вo секое oд нив вo средината ставете од сирењетo пoмешанo со јајца, потоа направете од тестото топчиња, наредете ги вo плех, премачкајте ги сo јајце, поросете ги со сусам и откако ќе киснат десетина минути, испечете ги.