Маж О и жена О
Фантастична компатибилност, при услов почесто да водат љубов. Долгите разделби се погубни за нив. Тогаш тие се одалечуваат и пламенот полека слабее.
Маж О и жена А
Целосна сексуална компатибилност. Активноста на О е одлична за пасивната стрна на А. Вие имате потреба од подолга предигра, за да имате одличен секс.
Маж О и жена Б
Тој е активен, а таа е пасивна, па затоа имаат потреба од романтична атмосфера и подолга предигра. Тој треба да биде нежен, да и посветува внимание и долго да ја бакнува. Ако не го стори тоа, таа ќе побара друг партнер.
Маж О и жена АБ
Ова е многу несигурна љубовна комбинација. Тој не треба да се плаши од нејзиниот силен карактер, а таа треба да му даде повеќе слобода за да дојде и тој до израз во врската. Ако тој се обиде да ја претвори во предмет за секс, таа ќе почувствува веднаш и ќе го остави. Или пак ќе се однесува фригидно.
Маж А и жена О
Тие поминуваат повеќе од сите други комбинации време во кревет. Таа никогаш не е задоволна, а тој треба да најде начин да ги исполни нејзините сексуални фантазии. Таа има потреба од многу внимание и нежност. Тој не треба да ги занемарува нејзините желби, ако сака врската да успее.
Маж А и жена А
Идеална комбинација. Мажот А е идеален партнер за жената А и тој ќе ги исполни сите нејзини желби, со што ќе ја направи најсреќна жена на светот. Ова е одличен еротски сојуз.
Маж А и жена Б
Тие повеќе зборуваат за секс отколку реално што прават. Но овој начин на стимулација им е потребен и на двајцата. Таа е силна, тој е нежен. И на двајцата им е потребна романтика и подолга предигра.
Маж А и жена АБ
Тотална катастрофа! Тие немаат сексуални емоции еден кон друг и наместо да се привлекуваат, се одбиваат. Таа знае да флертува со други мажи, а за него тоа е смртен грев. Нема добра перспектива за оваа врска.
Маж Б и жена О
Ова е технички еротски пар. Тие се обидуваат, експериментираат, споредуваат, вадат заклучоци и почнуваат од почеток. Во оваа механика има премалку емоции и тоа е причина еден ден да се одалечат еден од друг. За да успее врската, и двете страни треба да покажат повеќе емоции.
Маж Б и жена А
Жената А е многу доминантна, постојано бара мажот да ги исполнува сите нејзини желби, но од друга страна таа не се труди доволно. Доколку ова трае предолго, мажот ќе ја остави жената А и ќе најде пасивна партнерка која ќе му се покорува и ќе го храни неговото его.
Маж Б и жена Б
Кога ќе се сретнат, емоциите се она што ги привлекува и не толку сексот. Имаат други заеднички интереси кои се предуслов оваа врска да трае. Одлична комбинација. Очекувајте среќен и удобен семеен живот, но без многу авантури.
Маж Б и жена АБ
Бурна врска, страст, добар секс. Но за жал најчесто, на крај сето ова се сведува само на секс и ништо друго. некои успеваат да се прилагодат, но повеќето бараат партнер кој ќе им овозможи емотивна врска.
Маж АБ и жена О
Имаат потреба да се адаптираат еден на друг. Но сепак се добар пар. Таа се однесува кон неговиот полов орган како да е идол, а тоа многу го пали. Тој секогаш и нуди нешто ново, а тоа нејзе ја пали. Имате одлични перспективи за добар семеен живот.
Маж АБ и жена А
Еротски пар, но емоции на средно ниво. Во сексот се одлични. Потребна ви е повеќе романтика и покажување на емоции од двете страни, ако сакате врската да трае.
Маж АБ и жена Б
Ова е парот со најслаба сексуална активност. Но и покрај тоа нивната врска е одлична. Тие се конзервативни, ретко експериментираат, но имаат длабоки емоции кои ќе ја одржат нивната врска.
Маж АБ и жена АБ
Се или ништо! Или се на седмо небо и 24 часа се заедно, или се во пеколот и не сакаат очи да си видат. Сепак се работи за силни емоции и не треба да дозволите ваква љубов да изгубите.